недела, 29 март 2026

Украина: Русите го нападнаа Чернобил. Зеленски: Ова е објава на војна на цела Европа

Објавено на

часот

Сподели

„Руските окупаторски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа во Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Му пријавив на шведскиот премиер. Ова е објава на војна на цела Европа“, напиша Зеленски на Твитер.

За Чернобил на Твитер се огласи и украинското Министерство за надворешни работи.

„Во 1986 година светот ја виде најголемата технолошка катастрофа во Чернобил. Нападот на Русија врз Украина може да предизвика нова еколошка катастрофа со оглед дека руските сили напредуваат кон Чернобил. Ако Русија продолжи со војната, Чернобил може да се повтори во 2022 година“, објави украинското Министерство за надворешни работи.

Во борбите можеби е оштетено складиште на нуклеарен отпад, изјави советник на украинскиот министер за внатрешни работи, пренесе дописник на американската Ен-би-си, Ричард Енгел.

АФП ја пренесе изјавата на украински функционер дека борби се водат во близина на нуклеарната централа во Чернобил.

Во 1986 година во Чернобил експлодираше нуклеарен реактор. Тој инцидент се смета за најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ