вторник, 31 март 2026

Украина: Разорени над 80 отсто од домовите во Мариупол (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Падот на Мариупол може да биде неизбежен“, додаваат тие.

Градските власти вчера соопштија дека спасувачите трагале по преживеани во урнатините на театарот во Мариупол, откако објавија дека во руски воздушен напад била погодена зградата што служела како засолниште за стотици луѓе.

Во соопштението на градските власти се наведува дека стотици луѓе, главно жени, деца и стари лица, се скриле од ракетите во театарот и зградата на базенот во близина. „Сè уште собираме информации за жртвите“, се вели во соопштението.

Русија негираше дека го бомбардирала театарот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека наводите дека Русија го бомбардирала театарот се „лаги“ и повтори дека руските сили „не бомбардираат градови“.

Овој пристаништен град е под опсада на руските сили и под силно бомбардирање. Според податоците на украинските власти, од Мариупол досега успеале да побегнат околу 30.000 жители, но над 350.000 сѐ уште се заточени во него. Општинските власти соопштија дека градот претрпел огромни штети. Се проценува дека се уништени 80 отсто од домовите, од кои речиси 30 отсто не може да се санираат.

Во предградијата на Мариупол, новинарите на Ројтерс виделе луѓе што се обидуваат да избегаат со автомобил и пеш.

Оксана Залавска (42) пред два дена го напуштила Мариупол и сега е во Запорожје. Мајката на тригодишно момче и 12-годишно девојче изјави дека биле во преполно прифатилиште каде што возрасните јаделе само еднаш дневно во мали порции бидејќи немало доволно храна.

„Сега во 2022 година знам како е да се биде гладен“, рече таа.

Јуриј Риженков, извршен директор на најголемата украинска фабрика за челик Метинвест, изјави дека повремено е во контакт со некои од вработените што сѐ уште се во Мариупол.

„Во изминатите два дена, бомбардирањето се случуваше буквално на секои 30 минути, така што луѓето воопшто не можеа да излезат од засолништето и подрумот“, изјави тој за Ројтерс.

„Мариупље беше нашата гордост“, рече тој. „Сега гледаме како се уништува сѐ што направивме во последните осум години, целосно се уништува. Тоа е многу тажно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ