вторник, 31 март 2026

Украина: Постигнат е договор за десетина хуманитарни коридори

Објавено на

часот

Сподели

Во телевизиско обраќање, Верешчук рече дека цивилите кои се обидуваат да го напуштат Мариупол во јужна Украина ќе мора да го сторат тоа со приватни возила, бидејќи руските воени сили не дозволуваат автобуси да минуваат низ контролните пунктови на патот кон пристанишниот град.

Агенцијата Ројтерс не може да ги потврди овие информации од независни извори. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека не успеале да ги евакуираат цивилите од опколените градови. Најлоша е ситуацијата во Мариупол, кој Русите го уништија целосно за едномесечно бомбардирање, а населението се крие без храна, лекови и друга помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ