вторник, 30 декември 2025

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, напад не се случи

Русија не понуди никакви убедливи докази за обвинувањето дека Украина со дронови нападнала една од официјалните резиденции на Владимир Путин, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема никакви докази, таков напад не се случи“, напиша Сибиха на социјалните мрежи. Тој додаде дека Русија има „долг список на лажни тврдења“, што, како што рече, е нивна препознатлива тактика. „Тие често ги обвинуваат другите за она што самите планираат да го направат. Нивните зборови никогаш не треба да се земаат здраво за готово“, рече тој.

Изјавата доаѓа откако Украина остро ги отфрли руските тврдења за наводниот напад во регионот Новгород. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера тврдеше дека во нападот биле уништени 91 украински дрон и објави дека Москва ќе ја преиспита својата преговарачка позиција, со порака дека веќе е одлучено како Русија ќе возврати.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече обвинувањата „лажни“ и тврдеше дека Кремљ подготвува оправдување за нови руски напади. Според него, целта на Москва е да создаде изговор за напади врз Киев и државните институции.

„Ако нема скандал меѓу Украина и САД и ако постои напредок, тоа е неуспех за Русија бидејќи тие не сакаат да ја завршат војната“, рече Зеленски, предупредувајќи дека сите мора да бидат внимателни од можни напади врз главниот град.

Зеленски исто така рече дека американскиот претседател Доналд Трамп, неговата администрација и европските сојузници треба поактивно да се вклучат во ситуацијата за да извршат притисок врз Москва. Тој на социјалните мрежи заклучи дека Русија „се врати на своето“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ