среда, 1 април 2026

Украина: Над 30 загинати и 100 ранети во руски ракетен напад врз станица во Краматорск (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Се наведува дека две руски ракети погодиле станица во градот Краматорск, која се користи за евакуација на цивили од областите што се бомбардирани од руските сили.

„Две ракети ја погодија железничката станица Краматорск“, се вели во соопштението на Украински железници.

Подоцна се додава: „Според оперативните податоци, повеќе од 30 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се ранети во ракетниот напад на железничката станица Краматорск“.

Ројтерс не можел да ја потврди информацијата. Русија не ги коментираше веднаш извештаите за нападот и бројот на жртвите. Москва негира дека гаѓа цивили откако ја нападна Украина на 24 февруари.

Павло Кириленко, гувернер на регионот Доњецк, изјави дека илјадници луѓе биле на станицата во моментот кога погодиле ракетите.

„Рушистите“ („руските фашисти“) многу добро знаеја каде гаѓаат и што сакаат: сакаа да посеат паника и страв, сакаа да погодат што е можно повеќе цивили“, рече тој.

Кириленко објави фотографија на интернет на која се гледаат неколку тела на земја покрај купишта куфери и друг багаж. Покрај нив стои вооружена полиција во панцири.

Три воза со евакуирани лица беа блокирани во истиот регион на Украина во четвртокот по воздушен напад, изјави шефот на Украинските железници.

Украинските власти велат дека руските сили се прегрупираат за нова офанзива и дека Москва планира да заземе колку што може повеќе територија во источниот дел на Украина, познат како Донбас, кој граничи со Русија.

Локалните власти во некои области ги повикаа цивилите да заминат додека тоа е сè уште можно и релативно безбедно.

Видеото е вознемирувачко:

[video:https://www.youtube.com/watch?v=o2HXSONY3SI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ