Данилов кажа дека Украина е внимателна во односите со Белорусија и покрај тоа што земјата се користи како лансирна платформа за напади на руските авиони на Украина.
„Ако еден белоруски војник ја премине нашата граница, ние ќе возвратиме“, кажа Данилов, а пренесува Ројтерс.
Претходно Украинскиот државен информациски центар соопшти дека „не може да се исклучи“ белоруска инвазија на Украина денес.
„Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вовлечени во инвазијата на 11 март во 21:00 (19:00 часот по средноевропско време)“, се наведува во соопштението на центарот, кој е формиран во рамки на министерството за култура и информациска политика.






