Зеленски, зборувајќи во Врховната рада, кажа дека указот не го донел затоа што очекува наскоро да почне војна, туку за тоа во Украина да има мир, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека Украина мора да смета пред сè на сопствените сили бидејќи, како што кажа, никој освен самите Украинци нема да ја штити.
„Нашата татковина навистина има многу пријатели и ние сме им благодарни, но пријателите имаат своја татковина, запаметете го тоа. Така што никој освен нас нема да ја штити земјата… нема да ја спаси и крене. Мораме да зависиме самите од себе“, истакна Зеленски.
Западот ја обвинува Русија дека се спрема за инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла тие тврдења.






