вторник, 14 април 2026

Украина и Русија се обвинуваат за кршење на велигденското примирје

Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето договорено за православниот Велигден. Додека гувернерите на два руски погранични региони тврдат дека пет лица се повредени во украинските напади со беспилотни летала, украинската војска вели дека руските сили го прекршиле договорот дури 469 пати, пренесува Скај њуз.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерите на руските региони Курск и Белгород, кои граничат со Украина, објавија дека пет лица се повредени во нападите на украински беспилотни летала. Александар Хинштајн, гувернерот на регионот Курск, изјави дека украинско беспилотно летало погодило бензинска пумпа во градот Лгово, при што се повредени три лица, меѓу кои и едно дете.

Хинштајн нагласи дека нападот се случил по стапувањето на примирјето во сила. Во соседниот регион Белгород, гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека две лица се ранети во украинските напади со беспилотни летала.

Од друга страна, украинската војска тврди дека руските сили ги прекршиле условите на 32-часовниот прекин на огнот дури 469 пати. Според нив, прекршувањата вклучуваат офанзивни акции, гранатирање и напади со беспилотни летала.

Прекинот на огнот го објави рускиот претседател Владимир Путин во четврток, а стапи на сила во 13:00 часот по Гринич во сабота. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се согласи да го почитува прекинот на огнот. Непосредно пред почетокот на прекинот на огнот, Украина и Русија разменија по 175 војници.

До размената дојде во момент додека мировните преговори под водство на САД беа запрени поради војната на Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ