недела, 29 март 2026

Украина: Харков разорен, бомбардирани станбени згради, десетици загинати и ранети (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Рускиот непријател бомбардира станбени области. Поради бомбардирањето, кое сѐ уште трае, не можеме да повикаме спасувачки служби… Во моментов има 11 загинати и десетици повредени“, напиша на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов.

„Харков беше масовно нападнат со ракети. Стотици беа ранети“, напиша на Фејсбук советникот во Министерството за внатрешни работи Антон Херашченко. Експлозиите пред зори се слушнале и во главниот град Киев, прекинувајќи ја неколкучасовната тишина, како и во Харков, соопшти украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации.

Попладнево станбените области на Харков беа нападнати со повеќекратни ракетни системи „Град“, а во близина на Харков веројатно беа користени високоексплозивни бомби. Под оган беа и селата во близина на Чернихив, рече градоначалникот на Харков Игор Терехов, како и украинската новинска агенција УНИАН.

„Украинска правда“ пишува дека се гранатира во станбени области, при што настрадале противпожарна и спасувачка единица, магацини и гаражна задруга. Според градоначалникот на Харков, повредени се 15 војници и 16 цивили.

Државната служба за итни случаи јавува и за 31 ранет. Регионалната администрација известува за смртта на 11 лица. Не се знае точниот број на жртвите.

УНИАН известува и за гранатирањето на селата Киенка и Павловка кај Чернигов од Градов. „Локалните жители пријавија значителна штета на десетици домови. Можно е да има луѓе под урнатините “, пишува агенцијата.

Според управата во Харков, гранатирани биле области во кои живеат повеќе од 1 милион луѓе.

Украинската агенција објави видеа од гранати како погодуваат станбени згради.

На видео од регионот Харков што го објави Новаја газета е снимен лет на руски ловци-бомбардери Су-34. На фотографија од улица во харковскиот регион се гледа проектил што истражувачите го идентификувале како неексплодирана високоексплозивна воздушна бомба ФАБ-500M-62.

Руското Министерство за одбрана инсистира да не гранатира цивилни цели во Украина, туку дека само погодува воени цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ