недела, 28 декември 2025

Украина го парализира воздушниот сообраќај во Москва со часови, стотици летови се откажани

Украина привремено го парализираше воздушниот сообраќај над руската престолнина со напад со беспилотни летала врз Москва, при што стотици летови беа откажани пред државните празници, соопштија руските власти.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на воздухопловната управа изјави дека на аеродромите Шереметјево и Внуково со часови не било можно полетување ниту слетување на авионите.

Руска државна новинска агенција РИА Новости пренесе дека повеќе од 300 летови морале да бидат откажани или одложени, а околу 70 авиони биле пренасочени на алтернативни аеродроми.

Другите два московски аеродроми, Домодедово и Жуковски, не се соочија со овој проблем.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека се пресретнати невообичаено голем број украински дронови – околу 30. Руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно 273 дронови се соборени низ целата земја, но не даде информации за евентуална штета.

Авиокомпаниите исто така ги информираа патниците за промена во редот на летови во Санкт Петербург и други градови.

Државната авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека се очекува авионите што се наоѓаат на алтернативни аеродроми да слетаат во Москва во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ