Украинската полиција најави и делење оружје на ветераните.
„Почитувани сограѓани! Непријателот напаѓа, но нашата армија е нескршлива. Украина влегува во режим на целосна одбрана. Секој што е подготвен и способен да држи оружје може токму сега да им се приклучи на Територијалните одбранбени сили на вооружените сили на Украина во вашиот регион. За да добиете оружје, треба да контактирате со бригадите и баталјоните на силите на ТРО директно во вашиот регион.
Потребно е само да имате пасош.
Смрт за руските окупатори!
Слава на Украина!“, порача Резников на Фејсбук.






