недела, 29 март 2026

Украина донесе воени возила во Киев. Кличко: Влеговме во одбранбена фаза (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руски проектили и денес го засипаа Киев, а на жителите им било речено да подготват молотови коктели и да го бранат градот. Првите руски единици, извидувачки и диверзантски, претходно влегле во северната киевска област Оболон. Москва тврди дека повторно го заземала аеродромот Хостомел северозападно од градот, витална точка за планираниот напад врз градот.

„Градот е во одбранбена фаза. Куршуми летаат, а во некои населби одекнуваат експлозии. Саботерите веќе влегоа во градот“, рече Кличко.

Главниот стожер на украинската војска извести дека украинските сили пружаат силен отпор на „руските окупатори“ околу Киев.

Во Димер и Иванкив, населби северозападно од градот, украинската војска го запре налетот на непријателските сили на реката Тетрив. Уништен е мостот преку реката, се вели во соопштението. Русите го нападнале аеродромот во западниот град Ривне, јавуваат медиумите. Борби има и во Суми, на североисток, во близина на руската граница.

Украинското министерство за одбрана соопшти дека украинската војска убила повеќе од илјада руски војници. Украинската војска смета дека Русите се обидуваат да воспостават коридор од Крим до сепаратистичките области во источна Украина.

Претседателот Володимир Зеленски на Твитер јави за жестоки борби на влезот во источните градови Чернигов и Мелитопол. Американските власти веруваат дека целта на Русите е да го соборат Зеленски и неговата влада.

Извори блиски до украинското претседателство изјавија дека Украина е подготвена за преговори со Русија, вклучително и за својот можен неутрален статус. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека тоа е лага и дека нема да има преговори додека украинската војска не го положи оружјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ