Русија денеска целосно го блокираше пристапот на украинските сили до Азовско Море, објави денеска руското Министерство за одбрана.
Руската Федерална агенција за воздушен транспорт ја продолжува забраната за летови до аеродромите во јужните и централните делови на Русија до 8 март.
Руските банки што сега се под санкции повеќе не можат да издаваат нови Виза и Мастеркард картички, соопшти денеска Националниот систем за платежни картички (НПЦС) за РИА новости. Тоа значи дека Русите нема да можат да добијат нови Виза и Мастеркард кредитни картички по истекот на нивните сегашни картички.
Около 40 тысяч человек остались без еды и света на востоке Украины — в городах Волноваха, Сартана и Талановка.
По данным МВД Украины, российская сторона не дает ответа на эвакуацию населенияhttps://t.co/iMqDmuMdN0
Фото: соцсети pic.twitter.com/6iGthmpsJo
— Новая Газета (@novaya_gazeta) March 1, 2022
Партијата Јаблоко побара дозвола од Канцеларијата на градоначалникот на Москва да одржи антивоен марш на 12 март. Партијата очекува до 30.000 луѓе да учествуваат на демонстрациите. Портпаролот на Јаблоко, исто така, соопшти дека ако московските власти ја отфрлат апликацијата, партијата има намера да продолжи да го изразува својот антивоен став „со сите законски средства“.
Погодена ТВ-кула во Киев, загинаа пет цивили
Руски ракетни напади со „Град“ денеска го погодија украинскиот град Чернихив, објави на Телеграм шефот на регионалната администрација Вјачеслав Чаус.
Пет лица загинаа, а пет се повредени во ракетен напад насочен кон главната телевизиска кула во Киев, соопшти украинската служба за итни случаи. Најмалку две експлозии се случија попладнево во близина на кулата. Според украинските власти, гранатирањето „ја погодило контролната соба на радиодифузерот“, предизвикувајќи проблеми со емитувањето на некои телевизиски канали. Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе гаѓа голем број технички капацитети во Киев, кои, како што рече, се одговорни за вршење „информативни напади“ против Русија.
Неподалеку от телебашни Киева (в районе станции метро «Дорогожичи») произошел взрыв.
Очевидцы с разных концов города выкладывают видео.
Ранее Минобороны России предупреждало о готовящихся ударах в Киеве для «пресечения информационных атак». pic.twitter.com/0659vY1ux2
— Новая Газета (@novaya_gazeta) March 1, 2022
Украинските власти објавија снимки од јагленосани тела и автомобили оштетени во нападот, по кој беа угасени некои државни радиодифузери, но структурата остана недопрена.
Украина соопшти дека осум лица биле убиени во руски воздушен напад врз станбена зграда во источниот град Харков, каде што претходно административна зграда беше уништена од руски проектили.
Looks like a Russian strike right on the center of Kharkiv, in the main square right by the local government HQ this morning. pic.twitter.com/VivkeHCFr3
— max seddon (@maxseddon) March 1, 2022
„Како резултат на воздушен напад… осум лица загинаа, а шест се повредени во Харков“, соопшти украинската служба за вонредни состојби, додавајќи дека две лица биле извлечени живи од урнатините од страна на спасувачите.
Индиски студент е убиен денеска во гранатирање во Украина, соопшти Њу Делхи и ги повика Москва и Киев да обезбедат безбеден премин за нејзините околу 12.000 државјани заглавени во земјата.
Украинские СМИ публикуют видео с обстрелом и взрывом. Сообщается, что это Харьков
Видео: телеграм-канал «Труха» pic.twitter.com/6Buu39Ue05
— Новая Газета (@novaya_gazeta) March 1, 2022
„Со длабока тага потврдуваме дека еден индиски студент го загуби животот во гранатирање во Харков утринава“, објави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Ариндам Багчи на Твитер.
Клучниот југоисточен украински град Мариупол на Азовско Море остана без струја по нападите на руските сили, кои напредуваат, изјави регионалниот лидер Павло Кириленко.
Блокади, забрани, прекини…
Јутјуб ги блокираше руските канали РТ и Спутник во Европа „поради тековната војна во Украина“, соопшти во вторникот платформата за споделување видеа.
Другиот онлајн-гигант Фејсбук вчера донесе слична одлука со блокирање на содржината објавена од РТ и Спутник во Европската Унија.
Американските малопродажни гиганти Најк и Епл привремено ја прекинаа продажбата во своите руски онлајн-продавници откако големите санкции, падот на рубљата и забраните за воздушниот простор го попречија внесувањето нови производи во земјата.
Претседателот Владимир Путин им забрани на Русите да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 долари во странска валута – најновата мерка воведена за да се обиде да го спречи најлошото од економската криза што се наѕира.
Рускиот медиумски регулатор се закани дека ќе ја блокира Википедија поради нејзината страница на руски јазик за руската војна во Украина, насловена како „Руската инвазија на Украина, 2022 година“, се вели во онлајн-енциклопедијата.
Рускиот јавен обвинител побара од тамошното тело за следење на комуникациите да го блокира пристапот до независните медиуми ТВ Дожд и Ехо Москва. Властите соопштија дека двете страни објавиле „лажни информации“ за руската војна во Украина, кои медиумите не смеат да ги нарекуваат „војна“, „инвазија“ или „напад“. Двете страници беа веднаш недостапни на мобилните мрежи по одлуката.
Руските пратеници почнаа да подготвуваат нацрт-закон со кој ширењето „лажни вести“ за „воената операција“ на Кремљ во Украина ќе биде кривично дело, казниво со до 15 години затвор, изјави пратеникот во Државната дума Василиј Пискарев.
Руските власти веќе се заканија дека ќе ги блокираат или ќе ги казнат веб-страниците за вести што ја опишуваат „воената операција“ како војна или инвазија. Во неделата, независниот весник „Новаја газета“ беше принуден да го исполни барањето на властите за промена на терминологијата.
„Русија и Украина отсекогаш биле братски земји“
Канскиот филмски фестивал денеска соопшти дека руските делегации нема да бидат добредојдени на овогодинешниот настан во мај поради инвазијата на Украина. „Канскиот фестивал сака да ја изрази сета своја поддршка на украинскиот народ“, се вели во соопштението на неговиот тим. „Го приклучуваме нашиот глас на оние што се противат на оваа неприфатлива ситуација и го осудуваат ставот на Русија и нејзините лидери.“
Европската филмска академија (ЕФА) објави соопштение дека нема да прифаќа руски филмови за овогодинешните Европски филмски награди во знак на солидарност со Украина. „Академијата силно ја осудува војната што ја почна Русија – суверенитетот и територијата на Украина мора да се почитуваат“, се вели во соопштението. „Ние сме целосно свесни дека неколку наши членови се борат со оружје против агресорот. Затоа, Академијата ќе ги исклучи руските филмови од овогодинешните Европски филмски награди и ние му даваме поддршка на секој елемент од бојкотот“. Овој потег уследи по веста дека украинскиот директор Сергеј Лозница ја напуштил ЕФА поради нејзината „срамна“ реакција на руската инвазија на Украина.
Францускиот актер Жерар Депардје, пријател на рускиот претседател Владимир Путин, зборуваше против војната во Украина и повика на преговори. „Русија и Украина отсекогаш биле братски земји“, изјави 73-годишната филмска ѕвезда за Франс прес во телефонски разговор. „Јас сум против оваа братоубиствена војна. Велам „запрете го оружјето и преговарајте“, рече Депардје. Во 2013 година тој предизвика огромно негодување со напуштањето на Франција и земањето руско државјанство во знак на протест поради предложеното зголемување на даноците за богатите во неговата татковина.
Иван Великанов, композитор, музичар и диригент роден во Франција, пораснат и образован во Русија, е отстранет од функцијата диригент на „Свадбата на Фигаро“ на театарскиот фестивал „Златна маска“ во Москва. Настапот се одржува денеска, 1 март. Во објавата на социјалните мрежи, тој рече дека на настапот во операта во Нижни Новгород на 25 февруари тој ѝ рекол на публиката дека музичарите се „за мир и против војна“, а потоа ја отсвириле Одата на радоста на Бетовен, како „израз на нивните емоции“.
Врвниот руски диригент Валери Гергиев „по брза постапка“ е отпуштен од функцијата главен диригент на Минхенската филхармонија затоа што одбил да го исполни барањето да ја осуди инвазијата во Украина. „Одлуката стапува во сила веднаш и веќе нема да има концерти на Филхармонијата на Минхен под негово диригентство“, рече градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, во изјавата.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=eygY_c4JRN4 autoplay:0]Низ Европа и САД, од руските уметници поврзани со Кремљ се бара јавно да зборуваат против Путин, вели Дојче веле.
Досега 677.000 бегалци од Украина
Околу 677.000 бегалци избегаа од конфликтот во Украина заради безбедност во соседните земји, додека околу еден милион луѓе се проценува дека се внатрешно раселени, соопштија денеска Обединетите нации.
Министрите за финансии на Г7 рекоа дека санкциите имаа огромно влијание врз руската економија. Блокот рече дека сè уште разгледува повеќе казнени мерки.
Иранскиот врховен лидер во вторникот рече дека американската политика е виновна за руската инвазија на Украина, повикувајќи на прекин на војната што избувна минатата недела. „Основната причина за украинската криза е политиката на САД и на Западот“, рече ајатолахот Али Хамнеи во телевизискиот говор по повод муслимански верски празник. „Режимот на Соединетите Држави е режим што создава кризи и живее во кризи. Тие се хранат со кризите“. Тој го обвини Вашингтон за мешање во „внатрешните работи на земјата, организирање демонстрации против владите, создавање кадифени револуции, создавање шарени државни удари“.
Рускиот претседател Владимир Путин и принцот престолонаследник од Абу Даби шеикот Мохамед бин Заед ветија дека ќе ја задржат стабилноста на енергетскиот пазар, објави државната новинска агенција на ОАЕ. Тие во телефонски разговор се согласиле за „потребата од одржување на стабилноста на глобалниот енергетски пазар“, соопшти новинската агенција ВАМ, додека цените на нафтата растат поради руската инвазија на Украина.
Поддржувачите на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, повикаа на кампања за граѓанска непослушност за да се спротивстават на руската инвазија на Украина. „Путин ѝ објави војна на Украина и се обидува да ги натера сите да мислат дека Украина е нападната од Русија, односно од сите нас. Но тоа не е во ред“, напиша тимот на Навални на Твитер. „Мораме да покажеме дека не ја поддржуваме војната. Ги повикуваме Русите да покажат граѓанска непослушност. Не молчете.“
На Русија ѝ е одземена улогата домаќин на Светското првенство во одбојка во август и септември поради инвазијата на Украина, објави денеска раководното тело Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ).
Кина почна да ги евакуира своите граѓани од Украина, објавија во вторникот државните медиуми, бидејќи расте стравот за нивната безбедност, а гневот, наводно, е зголемен поради одбивањето на Пекинг да ја осуди руската инвазија. Околу 600 кинески студенти избегаа од Киев и јужниот пристанишен град Одеса во понеделникот, објави државниот весник „Глобал тајмс“, повикувајќи се на кинеската амбасада во главниот град на Украина.
Руските воздухопловни власти ги советуваа граѓаните во странство да се вратат дома користејќи „алтернативни рути“, вклучително и комерцијални летови до трети земји што не го ограничиле воздушниот сообраќај со Русија. „На пример, преку Азербејџан, Ерменија, Казахстан, Катар, ОАЕ, Турција“, порача Росавијација. Се додава дека Русите може да летаат и до Летонија, Литванија, Полска и Финска, а потоа да се вратат во Русија по копно, вклучително и преку Белорусија. Росавијација рече дека е потребно време да се организираат летови за евакуација од земјите со најголема концентрација на руски државјани.
Аплауз за Зеленски, бојкот за Лавров
Украинскиот претседател Володимир Зеленски доби овации по говорот во Европскиот парламент, каде што повика Украина веднаш да биде примена во блокот. Портпаролот на канцеларијата на Зеленски рече дека ЕУ ја „прифатила, регистрирала“ апликацијата на Украина за брзо членство во блокот и дека таа се разгледува.
⚡️Zelensky delivers a speech to the European Parliament. He was greeted with a standing ovation. pic.twitter.com/iYkbLhe2s6
— Oleksiy Sorokin (@mrsorokaa) March 1, 2022
Претставници на ЕУ ја напуштија салата за време на обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на конференцијата на ОН за разоружување.
Представители ЕС вышли из зала во время выступления главы МИД РФ Сергея Лаврова на конференции ООН по разоружению. pic.twitter.com/ueF7GeJzDK
— Новая Газета (@novaya_gazeta) March 1, 2022
Амбасадорот на Украина и дипломати од голем број земји си заминаа додека рускиот министер за надворешни работи се обрати на Конференцијата за разоружување во Женева. Дипломатите станаа и ја напуштија просторијата кога почна да се слуша однапред снимената видеопорака на Сергеј Лавров, во знак на протест поради инвазијата на Москва на Украина, според новинарот на Франс прес во просторијата.
This morning in the UN Human Rights Council more than 140 diplomats refused to listen to Russian Foreign Minister Lavrov’s futile attempt to justify unacceptable military aggression. Watch them leave the Council Chamber. pic.twitter.com/Syox5sTvaD
— Elisabeth Tichy-Fisslberger (@tichy_e) March 1, 2022
Голем број дипломати го направија истиот потег и кога Лавров се обрати пред Советот за човекови права на ОН.
Русија ќе ја продолжи офанзивата во Украина додека не се постигнат нејзините цели, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу, речиси една недела од почетокот на нападите.
„Руските вооружени сили ќе продолжат да ја спроведуваат специјалната воена операција додека не се постигнат поставените цели“, рече Шојгу на прес-конференција емитувана на државната телевизија. Тој повтори дека Москва има цел да ја „демилитаризира и денацифицира“ Украина, како и да ја заштити Русија од „воената закана создадена од западните земји“.






