сабота, 13 декември 2025

Украина бара докази од САД за инвазијата

Објавено на

часот

Сподели

„Убеден сум дека вашето пристигнување во Киев во наредните денови, кои се клучни за стабилизирањето на ситуацијата, ќе биде силен сигнал и ќе придонесе за деескалација“, му рекол Зеленски на Бајден, се вели во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател. „Очекуваме ова да помогне да се спречи ширењето на паниката“.

Зеленски претходно изрази незадоволство од постојаните процени за војна и рече дека таквите предупредувања имале негативен ефект врз економијата и националната валута. Тој побара да ги види доказите што ги поткрепуваат тврдењата дека Русија има намера да ја нападне Украина во рок од неколку дена.

Белата куќа одби да го коментира повикот.

Американската мрежа Си-ен-ен цитираше неименуван украински функционер што рекол дека нема позитивен одговор на Бајден на таа идеја. Зеленски им се заблагодари на САД за нивната поддршка и рече дека Украина ги разбира заканите со кои се соочува и дека е подготвена за секое сценарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ