сабота, 31 јануари 2026

Убиен лидер на Исламска држава, го кренал во воздух сопственото семејство (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата била изведена на северозападот на Сирија.

Пентагон интервенцијата ја опиша како антитерористичка операција од големи размери, а првите извештаи се дека се убиени 13 лица, меѓу кои шест деца и четири жени, јавува Асошиејтед прес.

„Благодарение на вештината и храброста на нашите оружени сили го отстранивме од бојното поле лидерот на Исламска држава Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши“, наведе Бајден и додаде дека сите Американци вклучени во оваа операција се вратиле безбедно.

Според наводите на Пентагон, специјалните американски сили извршиле претходно денес голем напад против исламистичките екстремисти во северозападна Сирија.

Пентагон не ја идентификуваше метата на нападот. Неименуваниот портпарол само соопшти дека мисијата била успешна, и дека немало загинати меѓу Американците.

[video:https://youtu.be/tz0OL2wzPtM autoplay:0]

Висок претставник на Белата куќа кажа дека лидерот на Исламска држава загинал во експлозија која самиот ја предизвикал.

„На почетокот на операцијата, терористичката мета активирала бомба која го убила, како и членови на неговото семејство меѓу кои имало жени и деца“, кажа изворот, додавајќи дека сè уште се утврдува точниот биланс на операцијата.

Американските специјалци со хеликоптери биле префрлени пред зората утринава во област на северозападот на Сирија, наведе Сириската опсерваторија за човекови права.

Таа соопшти дека во нападот на американските специјалци против џихадистите се убиени најмалку девет лица, меѓу кои тројца цивили.

[video:https://youtu.be/Ay2LNG4CC78 autoplay:0]

Локалните спасувачи на местото на нападот јавија дека се убиени 13 лица, вклучувајќи шест деца и три жени.

Локалците кажале дека хеликоптерите летале над местото и дека американските сили се бореле со повеќе вооружени борци околу двокатната зграда.

Нападот се случил во селото Атмех во провинцијата Идлиб во близина на сириската граница со Турција, во областа каде што има повеќе кампови за интерно раселените во сириската граѓанска војна.

Ова е најголемата американска операција во Сирија од 2019 година кога за време на американскиот претседател Доналд Трамп американските сили го убија претходниот лидер на Исламска држава Абу Бакир ал Багдади.

[video:https://youtu.be/QfYR_8V3reE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ