недела, 22 февруари 2026

Убиен Ел Менчо, најбараниот наркобос во Мексико (ВИДЕО)

Немесио Осегера Сервантес, попознат како Ел Менчо, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко картел „Нова генерација Халиско“ (ЦЈНГ), е убиен во воена операција, објавија локалните медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ел Менчо наводно бил убиен за време на операција спроведена во раните утрински часови во неделата во државата Халиско, во западно-централниот дел од земјата. Прекарот „Менчо“ е деминутив или изведен од неговото име Немесио.

Мексиканското министерство за одбрана соопшти дека Ел Менчо починал од повреди здобиени за време на воздушниот транспорт по завршувањето на воената операција, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Картелот ЦЈНГ го прошири своето влијание надвор од матичната држава Халиско и денес дејствува на територијата на речиси цело Мексико.

Немири и предупредувања

Во текот на неделата, имаше непотврдени извештаи за запалени автомобили и вооружени лица на улиците во Халиско и други делови од земјата.

Поради новонастанатата ситуација, американскиот Стејт департмент издаде предупредување за американските граѓани во државите Халиско и Тамаулипас ​​и делови од државите Мичоакан, Гереро и Нуево Леон, советувајќи ги да останат во засолништа.

Соединетите Американски Држави претходно нудеа награда од 15 милиони долари за каква било информација што ќе доведе до апсење на Ел Менчо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ