недела, 15 март 2026

Уапсени лидерите на протестите во Канада, полицијата ги отстранува камионите (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите ги паркираа камионите пред парламентот и канцеларијата на Трудо и ги држеа таму три недели. Полицијата, стравувајќи од ескалација и насилство, се обиде да ги разбрка со казни и закани со апсење.

Но, бидејќи камионите останаа во центарот на главниот град на Канада, полицијата уапси вчера двајца лидери, а денес уште 21 демонстрант, вклучувајќи го Пет Кинг, еден од главните организатори на протестот.

Конвојот на слободата 2022, називот под кој се обединетите различните групи кои учествуваат во протестот, објави на Твитер дека се уапсени тројца организатори.

„Ова е народно движење и други ќе ги преземат нивните улоги. Ќе продолжиме да ја држиме линијата. Одбиваме да се покориме пред злоупотребата на моќта. Светот гледа, Канадо“, се наведува во објавата.

[video:https://youtu.be/xZWp8hHZfhQ autoplay:0]

Полицијата постави стотина блокади на улиците во близина на местото на протестот за да им оневозможи пристап на луѓето, а со тоа да им оневозможи на демонстрантите да добиваат храна и гориво.

Полицијата објави дека денес се отстранети 21 возило и дека барем два камиони доброволно ги одвезле нивните возачи.

[video:https://youtu.be/4_MTE-ayQC4 autoplay:0]

Протестите ги почнаа канадските камионџии противејќи се на мерките по кои возачите на камиони кои ја минуваат границата мораат или да е вакцинираат против ковид-19 или да одат во карантин, а подоцна им се приклучија и други групи и сега се протестира против политиката на премиерот Џастин Трудо.

[video:https://youtu.be/OG5jLX3OSnE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ