„Сè уште нема многу детали. Ќе кажам само дека злосторството било внимателно подготвено. Го проучивме распоредот на патување на починатиот, беше утврдена рута и беше развиен план за бегство“, рече Клименко, пренесува Укринформ.
Тој рече дека полицијата и службениците за државна безбедност го привеле осомничениот за само 36 часа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека бил информиран за апсењето на осомничениот.
„Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко и шефот на Службата за безбедност на Украина, Васил Малјук, штотуку известија за притворањето на осомничениот за убиството на Андриј Парубиј.
„Во тек се потребните истражни дејствија“, напиша Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Икс. Тој истакна дека издал наредба сите достапни информации да бидат објавени.
Непознат напаѓач вчера испукал осум куршуми кон Парубиј во Лвов, кој им подлегнал на повредите на местото на настанот. Повикувајќи се на неименувани извори во агенциите за спроведување на законот, новинарот Виталиј Глагол објави на својот канал на Телеграм дека политичарот бил убиен од лице преправено како курир од службата за достава на храна „Глово“.






