недела, 7 декември 2025

Турско министерство: Чамец без екипаж го нападна рускиот танкер во Црното Море (ФОТО+ВИДЕО)

Турското Министерство за транспорт денес соопшти дека чамец без екипаж наводно го нападнал танкерот Вират на руската „флота во сенка“ покрај турското крајбрежје Црно Море, откако истиот танкер првично бил погоден во текот на изминатата ноќ.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението, Министерството соопшти дека Вират претрпел помала штета „на десната страна над линијата на водата“ по нападот, но дека е во стабилна состојба и дека неговиот екипаж е во добра здравствена состојба, пренесува Ројтерс.

Не е соопштено кој е одговорен за пријавените напади.

Во одвоен инцидент, турските власти продолжуваат со гасењето на пожарот на друг танкер што пловел кон Русија, а кој се запали по експлозија во Црното Море.

Според турското министерство, спасувачките екипи евакуирале 25 членови на екипажот од танкерот „Каирос“, долг 274 метри, каде што избувнал пожар.

Турските власти доцна синоќа соопштија дека бродот Каирос пловел кон руското пристаниште Новоросијск кога пријавил „надворешен удар“ што предизвикал пожар, на 28 наутички милји од турскиот брег.

И Каирос и Вират се на списокот на бродови кои подлежат на санкции воведени против Русија поради нејзината агресија врз Украина во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ