Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.
Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 полетале откако бил откриен објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој беше соборен во безбедна зона надвор од населени области“, се додава.
Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.
Украина соопшти дека нејзините поморски дронови погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „навигациската безбедност, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.






