вторник, 31 март 2026

Турците го отворија градежното чудо: мост долг 4,6 километри ги спојува Европа и Азија (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на церемонијата на отворањето на мостот Чанакале 1915 и автопатот Малкара-Чанакале, Ердоган изјави дека мостот има различни значења со секоја техничка карактеристика: „1915 година, на почетокот на името на нашиот мост, ја извојувавме поморската победа во Чанакале, местото на најкрвавите борби на Првата светска војна, а кулата со висина од 318 метри го претставува 18 март, денес. Но неговата должина е 2023 метри, тоа е симбол за 2023 година, 100 години од формирањето на нашата Република и големите цели кои му ги даваме на тој датум“.

Истакнувајќи дека Турција ја престигнала Јапонија, која го има најдолгиот мост на светот, според средниот распон и го заземала првото место во таа категорија, Ердоган потсети дека три од 10 најдолги мостови во светот според должината на средниот распон се во Турција, пренесува ТРТ.

Напоменувајќи дека со оваа инвестиција Турција ќе заштеди на време, потрошувачка на горива и емисии на јаглерод 415 милиони евра годишно, турскиот претседател кажа:

„Пресметките кажуваат дека овој проект ќе придонесе на нашето стопанство со 5,3 милиони евра, на вработувањето на 118 илјади луѓе, а на националниот доход со 2,4 милијарди евра“.

Наведувајќи дека мостот Чанакале 1915 е најновиот објект изграден по принципот изгради-упарвувај-пренеси, или јавно-приватна соработка, Ердоган кажа: „Ние сме трети во Европа и 13 во светот според успешноста на моделот на јавно-приватно партнерство“.

[video:https://youtu.be/hQMHe32AODk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ