„Ние веруваме дека санкциите нема да го решат проблемот“, кажа Чавушоглу на прашањето за ставот на Турција во врска со санкциите против Русија, пренесува ТАСС.
Тој како пример го даде затворањето на воздушниот простор.
„Во согласност со Конвенцијата од Монтре немаме овластувања да го затвориме, тоа е законска обврска“, наведе Чавушоглу.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на маргините на Дипломатскиот форум кажа дека Северноатлантската алијанса очекува сите нејзини членки да ѝ воведат ограничувања на Москва.






