недела, 15 март 2026

Турција: На Дојче веле му се заканува забрана

Објавено на

часот

Сподели

Рокот изнесува 72 часа. Толку време турската Агенција за надзор на медиуми (РТУК) му даде на Дојче веле за германската медиумска куќа да побара лиценца за дистрибуција на својата новинарска понуда преку платформата dw.com. Во спротивно, содржините на Дојче веле повеќе нема да бидат достапни во Турција. РТУК одлуката ја објави во понеделникот на својот официјален сајт.

„Откако локалните медиуми во Турција веќе се подложени на сеопфатна регулација, сега се обидуваат да се ограничат меѓународните медиуми во нивното известување“, изјави Лимбург.

„Оваа мерка не се однесува само на формалните аспекти на дистрибуцијата на програмата, туку и на самите новинарски содржини. Таа на турската агенција ѝ пружа можност врз основа на одделни критички ориентирани содржини да ја блокира комплетната понуда, ако тие содржини не бидат избришани. Со тоа се отвара вратата за можна цензура. Ние ќе вложиме жалба на таа одлука, а пред турските судови спремни сме и на правен пат“.

И турскиот сајбер активист Јаман Акдениз изјави за германската агенција ДПА дека постапката на лиценцирање претставува „тешка политичка интервенција во независноста на редакцијата“ на Дојче веле.

Во последните години турската влада континуирано ја заострува контролата над медиумите. РТУК од редакцијата на американската медиумска куќа Војс оф АМерика на турски јазик, но и од европската агенција Еуроњуз побара да поднесат барање за добивање лиценца.

Тоа барање е упатено врз основа на законските правила кои стапија на сила во 2019 година. Тие на владата на партијата АКП ѝ дадоа поголеми овластувања околу контролата на интернет-платформите. Новата регулатива предвидува сите понудувачи на содржини да мораат да побараат лиценца, а освен тоа во Турција мора да имаат свое претставништво. Дојче вече во согласност со законот усвоен во 2019 формираше дописништво во Турција, а освен тоа Дојче вече од февруари 2020 и официјално е регистриран при надлежното турско министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ