недела, 15 март 2026

Трудо: Блокадите и окупациите се незаконски и ѝ се закануваат на економијата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во канадската престолнина дели флаери кои ги предупредуваат камионџиите и другите кои го парализираат центарот на градот дека ќе се соочат со строги казни.

Властите ветија дека ќе ги отстранат стотиците камионџии кои ја парализираа Отава, што Трудо го нарече закана за демократијата.

Полицијата почна да поставува огради околу некои згради, а Трудо претходно во понеделникот се повика на законот за вонредни ситуации давајќи ѝ на својата влада широк спектар на дополнителни привремени овластувања.

„Блокадите и окупациите се незаконски. Тие се закана за нашата економија, односите со трговските партнери, закана се за ланците за снабдување и достапноста на основните продукти како храна и лекови“, кажа Трудо во долниот дом на парламентот.

Додека демонстрантите на почетокот протестираа против задолжителната вакцинација против ковид-19 за камионџиите и другите ограничувања, некои од нив протестираат против Трудо и сакаат да го исфрлат од функцијата.

Меѓутоа, заканите не ги обесхрабруваат демонстрантите, возачите на камиони и граѓаните кои ги поддржуваат, па лидерите на протестот порачуваат дека нема да се откажат од барањето во државата да се укинат ковид ограничувањата и предупредуваат дека нема такви шлеп-камиони кои ќе можат да ги поместат нивните камиони од блокадата.

На градските улици има околу 400 возила, од кои некои се паркирани пред канцеларијата на Трудо.

Од крајот на јануари демонстрантите со камиони и други возила ги затвораат улиците на Отава и ги блокираат граничните премини со САД незадоволни од обврската за вакцинирање за камионџиите кои влегуваат во земјата, но протестот прерасна во широк напад на епидемиолошките мерки и владата на Трудо.

Протестите на мостот Амбасадор и во Отава наречени „Конвој на слободата“ инспирираа слични протести во Франција, Белгија, на Нов Зеланд и во Холандија, а се очекуваат и во САД.

[video:https://youtu.be/ml1gcnY9L7I autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ