„И покрај нивните напори да се спасат, тројца пилоти загинаа, а еден е исчезнат“, се вели во соопштението, во кое се наведува и дека е формирана екипа која треба да ги утврди причините за инцидентот и причинетата штета.
Повеќе од 30 пожарникари и спасувачи започнале потрага на местото на несреќата, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални извори.






