понеделник, 30 март 2026

Тројца мртви, меѓу кои и 6-годишно дете, во рускиот напад врз детска болница, соопштија украинските власти

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку седумнаесет други наводно се повредени, вели Би-би-си, меѓу кои имало и бремени жени.

„Апсолутно сум сигурен дека знаат за оваа установа и ова е трета болница што тие ја уништуваат во овој град“, изјави Сергеј Орлов за Би-би-си.

Тој рече дека болницата со 300 кревети посветена на лекување на пациенти со ковид била уништена со артилериско гранатирање претходниот ден, заедно со центарот за собирање крв во Мариупол.

„Апсолутно сум сигурен (ова се нивни) цели“, додаде Орлов.

Светската здравствена организација рече дека потврдила најмалку 18 различни напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на инвазијата.

Русија инсистира дека украинските борци ги преселиле персоналот и пациентите од болницата и таму поставиле борбени позиции.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за воено злосторство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ