недела, 7 декември 2025

Тројца загинати во поплави во одморалиште во југоисточна Бугарија (ФОТО+ВИДЕО)

Три лица загинаа во поплави во одморалиште во југоисточна Бугарија, а стотици се евакуирани.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Даниел Митов изјави дека двајца спасувачи се меѓу загинатите во поплавите предизвикани од поројни дождови во крајбрежното одморалиште Елените.

Митов додаде дека делови од брегот се тешко погодени, при што поплавите однесле автомобили во морето, а домови, хотели и кампови се поплавени.

Бугарските власти прогласија вонредна состојба во неколку градови по должината на брегот на Црното Море. Регионалниот транспорт е запрен поради поплавени патишта, а специјализирани тимови од бугарската морнарица се распоредени за да ги бараат исчезнатите и да евакуираат луѓе.

Силна зимска бура со обилни снежни врнежи го погоди северозападниот дел на Бугарија, која трае веќе втор ден. Многу села во областа се без електрична енергија поради влажниот снег, а патиштата и планинските превои се затворени за сообраќај.

Националната железничка компанија соопшти дека возовите доцнат, а некои поаѓања се откажани поради паднати дрвја што ги оштетиле далноводите.

Експертите веруваат дека екстремните временски услови, како што се невообичаено топлите или ладните периоди за ова време од годината, може да бидат поврзани со климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ