понеделник, 30 март 2026

Трет руски генерал убиен во Украина, велат Киев и Западот

Објавено на

часот

Сподели

Официјалните лица не го именуваа генералот, но претходно украинската војска соопшти дека е убиен генерал-мајорот Андреј Колесников, командант на 29-та армија на источниот округ на Русија.

 

Минатата недела украинските разузнавачи рекоа дека генерал-мајорот Витали Герасимов, началник на Генералштабот на 41-та армија, бил убиен кај источниот украински град Харков, заедно со други високи офицери. Тоа го потврди и истражувачкиот новинарски веб-сајт Белингкет, според кој загинувањето на Герасимов го потврдил и руски извор.

Во почетокот на март руските медиуми потврдија дека е убиен заменик-командантот на 41. армија, генерал-мајорот Андреј Суховецки.

Аналитичарите претходно рекоа дека „присуството на високи воени личности на или во близина на бојното поле може да биде знак дека операциите на Русија не одат според планираното“, пренесе Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ