недела, 11 јануари 2026

Трамп ѝ се закани на Куба: Без договор со САД нема повеќе нафта ниту пари

Американскиот претседател Доналд Трамп денес предложи Куба да склучи договор со САД, предупредувајќи дека островската нација во спротивно повеќе нема да добива нафта или пари.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нема повеќе нафта или пари што ќе доаѓаат во Куба – нула! Силно препорачувам да постигнат договор пред да биде предоцна“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа Трут соушл, пренесува Ројтерс.

Според Трамп: „Куба живее од големи количини нафта и пари од Венецуела со години. За возврат, Куба им обезбедуваше „безбедносни услуги“ на последните двајца венецуелски диктатори, но не повеќе! Повеќето од тие Кубанци се мртви по минатонеделниот американски напад, а на Венецуела повеќе не ѝ е потребна заштита од тепачи и изнудувачи кои ги држеа како заложници толку години. Венецуела сега ги има САД, најмоќната војска во светот (убедливо!) за да ја заштити – и ние ќе ја заштитиме.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ