вторник, 17 февруари 2026

Трамп: За Украина е подобро побрзо да седне на преговарачката маса (ВИДЕО)

Пред трилатералните преговори во Женева, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ порача на Украина дека е „подобро побрзо да седне на преговарачката маса“. Трамп ја даде изјавата пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, објави Украинска правда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи ги трилатералните преговори што се одржуваат на 17 и 18 февруари во Женева, Трамп рече: „Нè очекуваат големи преговори. Треба да биде многу лесно“.

„За Украина е подобро да седне на преговарачката маса побрзо. Тоа е сè што можам да кажам“, заклучи тој.

Украинската делегација пристигна во Женева синоќа. Руската страна направи промени во својот тим пред оваа рунда преговори, а делегацијата сега ќе ја предводи Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека овие промени нема да ги забават преговорите со САД и Русија за евентуален крај на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ