„Секој што ќе убие некого во главниот град, смртна казна. Главен град, смртна казна. Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна“, рече претседателот на денешниот состанок со членовите на кабинетот.
Тој рече дека тоа е многу силна превентивна мерка. „Не знам дали сме подготвени за тоа во оваа земја… немаме избор“, рече Трамп.
🚨AVISO: Trump quer aplicar a pena de morte para homicídios em Washington pic.twitter.com/V5tWHBVANR
— Bravata (@Bravata_br) August 26, 2025
Тој додаде дека мерката ќе се примени во Вашингтон, додека „сојузните држави ќе мора сами да одлучат“.
Стотици припадници на Националната гарда патролираат по улиците на главниот град на САД веќе две недели откако Трамп прогласи кризна состојба, тврдејќи дека Вашингтон е преплавен од бран криминал. Министерот за одбрана Пит Хегсет минатата недела им одобри на војниците да носат оружје по улиците на главниот град.
Локална единица на Националната гарда во Вашингтон во неделата изјави дека нејзиниот персонал ќе употреби сила само „во екстремни случаи и само како одговор на непосредна закана од смрт или сериозни телесни повреди“.






