вторник, 10 јуни 2025

Трамп за преговорите во Истанбул: Ги оставам сите опции отворени до последен момент

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека ги остава сите опции отворени до последен момент за тоа дали ќе отпатува на евентуалната утрешна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп денес, на маргините на својата турнеја по арапските земји, кажа дека Путин би сакал тој да биде таму и дека тоа е можно.

„Не знам дали ќе се појави“, кажа американскиот претседател за Путин. „Знам дека тој би сакал јас да бидам таму. И тоа е можно. Размислував за тоа. Утре сите сме зафатени, го разбирате тоа. Утре одиме во Обединетите Арапски Емирати. Значи, имаме многу пополнета ситуација. Тоа не значи дека не би го направил тоа за да спасам многу животи“.

Трамп кажа и дека шефот на американската дипломатија дефинитивно ќе биде во Турција, а Белата куќа соопшти дека ќе му се придружат и специјалните претставници Стив Виктоф и Кит Келог.

Преговорите за можно окончување на војната во Украина се закажани за утре во Турција. Со денови се шират шпекулации за тоа кој ќе седне на масата. Кремљ сè уше не објави кој ќе ја претставува Москва во Истанбул.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди претходно дека руската делегација секако ќе биде утре во Истанбул. „Ќе го објавиме составот на делегацијата кога ќе добиеме соодветни упатства од претседателот. Засега такви упатства нема“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ