четврток, 11 декември 2025

Трамп: Воведувам царини од 100 проценти на сите филмови снимени надвор од САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат 100% царина на сите филмови снимени надвор од земјата, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата филмска индустрија ја украдоа други држави, исто како да му украдеш „бомбони на деца“. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам 100% царина на сите филмови што се снимаат надвор од Соединетите Американски Држави. Ви благодарам за вашето внимание. Да ја направиме Америка повторно голема! Претседателот ДЈТ“, објави тој.

Според Ројтерс, Трамп се закани дека ќе воведе такви царини уште во мај, но понуди малку детали, што доведе до забуна кај лидерите во забавната индустрија.

Акциите на Нетфликс и Ворнер Брос Дискавери паднаа во пред-тргувањето за 1,4 и 0,6 проценти, соодветно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ