среда, 8 април 2026

Трамп во кампања за Виктор Орбан: Џеј Ди Венс го повика американскиот претседател од митинг во Будимпешта, толпата аплаудираше во транс (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако се придружи преку телефон на митингот на владејачката партија Фидес во Будимпешта, пред парламентарните избори во земјата на 12 април.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На митингот во Будимпешта присуствуваше потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кој го повика Трамп преку телефон.

Трамп го пофали Орбан и им рече на поддржувачите на неговата партија дека ја сака Унгарија.

„Имате човек кој ја прави вашата земја силна“, рече Трамп.

Повикувајќи го Трамп по телефон, кој беше на звучник, Венс прво доби автоматска порака дека говорната пошта не е поставена, што предизвика смеа кај публиката.

Набрзо, во вториот обид, Венс го доби Трамп кој се обрати кон публиката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ