среда, 4 февруари 2026

Трамп: Веќе донесовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и венецуелското раководство се сложуваат многу добро и дека приближно 50 милиони барели венецуелска нафта се на пат кон Хјустон, Тексас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на новинарите во Овалната соба дали планира да соработува со колумбискиот претседател Густаво Петро за борба против терористичките организации во Венецуела, Трамп рече дека ќе го направи тоа бидејќи тие тоа го сакаат.

„Се сложуваме многу добро со раководството во Венецуела. Примивме 50 милиони барели нафта. Таа во моментов оди во Хјустон и се сложуваме многу добро со нив“, додаде тој.

Трамп исто така рече дека неговата средба претходно во текот на денот со Петро во Белата куќа била многу добра. „Се сложувавме многу добро“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ