среда, 10 декември 2025

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе зборуваме за поделба на ресурси“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот се заврши многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не, но мислам дека шансите се добри“, рече Трамп за време на летот од Флорида до Вашингтон.

Трамп ќе се обиде да добие поддршка од Путин за предложениот 30-дневен прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела.

На прашањето кои отстапки би можеле да бидат предмет на разговорите со Путин, Трамп рече: „Ќе зборуваме за територија. Ќе зборуваме за електрани… веќе разговаравме детално за многу работи со двете страни, Украина и Русија. Веќе зборуваме за тоа, за поделбата на одредени ресурси“.

На 12 февруари Трамп и Путин првпат разговараа за билатералните односи и војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ