„Во светлината на неодамнешните настани, дополнителните давачки според вредност (лат. ad valorem) наметнати согласно ИЕЕПА (Закон за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби)… повеќе нема да бидат во сила и, штом ќе биде изводливо, повеќе нема да се наплаќаат“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Извршната наредба дојде откако Врховниот суд на САД ги поништи повеќето царини на Трамп.
Во одлука донесена со однос на гласови шест наспроти три, судот наведе дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога вовел сеопфатни царини повикувајќи се на закон предвиден за национални вонредни состојби.
Според декретот, на сите надлежни министерства и агенции им е наредено веднаш да преземат чекори за запирање на наплатата на дополнителни царински давачки, со измени во Хармонизираниот царински систем по потреба.
Со уредбата се појаснува дека другите неодамнешни трговски мерки, вклучувајќи го привремениот данок за увоз од 20 февруари и суспензијата на третманот без царина „де минимис“, остануваат на сила.
Белата куќа нагласи дека оваа одлука елиминира само одредени тарифи ад валорем наметнати според ИЕЕПА и не ги менува царините наметнати според други трговски овластувања, вклучувајќи го Член 232 од Законот за проширување на трговијата и Член 301 од Законот за трговија од 1974 година.






