„Претседателот Трамп гради партнерство и со домашните автомобилски компании и со нашите вредни американски работници“, изјави министерот за трговија Хауард Лутник.
„Договорот е голема победа за трговската политика на претседателот бидејќи ги наградува компаниите што произведуваат во САД, а во исто време им дава простор на производителите кои ветија дека ќе инвестираат во Америка и ќе го прошират производството.“
Автомобилските компании претходно во понеделник објавија дека очекуваат Трамп да им помогне пред неговото патување во Мичиген, каде што се наоѓаат три големи производители и повеќе од илјада подизведувачи.
Нивните здруженија минатата недела го повикаа да не воведува царини од 25 проценти на увезените автоделови, бидејќи тоа би можело да ја намали продажбата и да ги зголеми цените. Трамп претходно изјави дека ќе ги воведе овие царини до 3 мај.
Писмото, испратено од групи што ги претставуваат Џенерал моторс, Тојота мотор, Фолксваген, Хјундаи и други, беше испратено до Лутник и секретарот за финансии Скот Бесент.
„Повеќето добавувачи немаат доволно капитал за справување со царинските нарушувања. Многумина веќе се во проблеми и се соочуваат со прекини во производството“, се вели во писмото во кое се додава дека „неуспехот на еден би можело да доведе до запирање на целата автомобилска производствена линија“.






