петок, 19 декември 2025

Трамп убеден дека бил саботиран во Обединетите нации, повикува на итна истрага

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да отворат истрага за „тројната саботажа“ во чиј центар бил тој.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според претседателот на Соединетите Американски Држави, саботажата се случила за време на неговото пристигнување и говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк оваа недела.

Тој преку социјалната мрежа Трут соушл изјави дека првата саботажа се случила кога влегол во зградата на Обединетите нации, кога, токму во тој момент, ескалаторот престанал да работи, принудувајќи го него и неговата придружба да пешачат до главната сала.

Втората „саботажа“ била дефект на уредот што го прикажува текстот на говорот на стакло пред говорникот, принудувајќи го да гледа во листови хартија за време на говорот. Тој додаде и дека озвучувањето за време на неговиот говор било исклучително слабо, што му го потврдила и неговата сопруга Меланија, која нагласила дека ништо не го разбрала.

„Сето ова не беше случајност. Тоа беше класична саботажа и Обединетите нации мора да се засрамат од тоа. Барам итна истрага поради сè“, рече Трамп, додека Обединетите нации делумно одговорија на сите овие обвинувања. Тие нагласија дека дефектот со ескалаторот бил случаен, додека за уредот што го прикажува текстот од говорот бил одговорен човек од персоналот на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ