четврток, 25 декември 2025

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикалното левичарско ѓубре

Претседателот на САД Доналд Трамп им посака на сите Среќен Божиќ на својата социјална мрежа, „вклучувајќи го и радикалното левичарско ѓубре“, осврнувајќи се на своите демократски противници кои редовно ги обвинува дека се причина за сето зло.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикалното левичарско ѓубре кое прави сè што може за да ја уништи нашата земја, но целосно не успева во тоа“, рече републиканскиот претседател на мрежата Трут соушл, а потоа го наведе сето она што го смета за успех од својот мандат.

„Повторно сме почитувани, можеби како никогаш досега. Бог да ја благослови Америка!!!“

За економијата, социјалните тензии, па дури и за меѓународните конфликти – Доналд Трамп редовно ја обвинува Демократската партија, а особено поранешниот претседател Џо Бајден, за тешкотиите со кои се соочуваат САД и светот, пишува АФП.

Во категоријата на „радикалната левица“ со својот остар стил лесно ги вклучува сите демократи и политички противници, дури и оние кои се сметаат за умерени или центристи.

Доналд Трамп ги поминува божиќните празници во Мар-а-Лаго, неговата резиденција во Флорида

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ