Неговите коментари, дадени за Еј-би-си њуз, доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. „Нападот беше толку успешен што ги елиминираше повеќето кандидати“, рече тој. „Нема да биде ниту еден од оние за кои размислувавме бидејќи сите се мртви. И вторите и третите на листата се мртви“.
Трамп се осврна и на атентатот врз самиот Хамнеи. „Јас го средив пред тој да ме среди мене. Тие се обидоа двапати. Па, јас го средив прв“, рече тој.
Во 2024 година, Министерството за правда на САД објави федерални обвиненија поврзани со осуетен заговор за атентат врз Трамп пред претседателските избори. Според судските документи, иранските власти побарале од еден осомничен, Фархад Шакери, да го надгледува и на крајот да изврши атентат врз Трамп.






