сабота, 17 јануари 2026

Трамп се закани со царини за земјите што се противат на неговиот план за Гренланд

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера сугерираше дека би можел да ги казни земјите со царини ако не го поддржат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд, објави Асошиејтед прес.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Оваа порака, како што пренесува Асошиејтед прес, доаѓа во време кога делегација од американскиот Конгрес се обидуваше да ги намали тензиите во данската престолнина.

Трамп со месеци инсистира дека САД треба да го контролираат Гренланд, автономна територија на Данска, сојузник на НАТО, а на почетокот на оваа недела рече дека сè помалку од тоа арктичкиот остров да биде во американски раце би било „неприфатливо“.

За време на настан во Белата куќа посветен на здравствената заштита во руралните средини, Трамп вчера потсети како им се заканувал на европските сојузници со царини за фармацевтски производи.

„Можеби тоа ќе го направам и поради Гренланд“, рече Трамп. „Можам да воведам царини на земјите ако не се согласат околу Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за националната безбедност. Така што можеби ќе го направам тоа“, рече тој, пренесува Aсошиејтед прес.

Претходно не го спомнуваше користењето царини како средство за притисок за да го наметне тоа прашање.

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд се сретнаа во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и со државниот секретар Марко Рубио.

Тој состанок не ги реши длабоките разлики, но резултираше со договор за формирање работна група – чија цел подоцна беше презентирана на јавноста на многу различни начини од страна на Данска и Белата куќа.

Европските лидери инсистираат дека само Данска и Гренланд можат да одлучуваат за прашања што се однесуваат на таа територија, Данска оваа недела објави дека го зголемува своето воено присуство во Гренланд во соработка со сојузниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ