понеделник, 30 март 2026

Трамп: Сакам да ја преземам иранската нафта, можеби ќе го заземеме и островот Харг

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фајненшл тајмс, објавено синоќа, изјави дека сака „да ја земе иранската нафта“ и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг, центарот на извозот на нафта од Иран, пренесуваат Ројтерс и Би-би-си.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Да бидам искрен, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: „Зошто го правите ова?“. Но, тие се глупави луѓе“, изјави американскиот претседател за Фајненшл тајмс.

Тој потег би можел да значи заземање на Харг, сигнализираше Трамп. „Можеби ќе го заземеме островот Харг, а можеби нема. Имаме многу опции“, рече Трамп во интервју, истакнувајќи дека неговото преземање би значело и подолгорочен престој на американските сили на островот, објави Би-би-си.

На прашањето за иранските одбранбени сили на островот, американскиот претседател изјави дека мисли дека „немаат никаква одбрана“.

“Можеме да го заземеме (Харг) многу лесно”, рече Трамп. Коментарите на претседателот следеа откако уште 3.500 американски војници пристигнаа на Блискиот исток додека растат стравувањата дека понатамошната ескалација би можела да ги изложи американските сили на ирански напади.

Трамп додаде дека индиректните разговори меѓу САД и Иран преку пакистанските „претставници“ напредуваат добро, но одби да коментира дали е можно наскоро примирје.

„Договор може да се постигне прилично брзо“, рече американскиот претседател во интервју, според извештајот на Би-би-си. Веќе кон средината на март, американските сили извршија голем насочен напад врз Харг, погодувајќи над 90 ирански воени цели, објави тогаш Централната команда на САД (Центком).

Островот се наоѓа околу 500 километри северозападно од Ормускиот теснец, и на него е сместен најголемиот ирански нафтен терминал преку кој Техеран извезува 90 проценти од својата нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ