“Сè е предмет на разгледување. Ќе го проучиме тоа. Јас проучувам многу работи и секогаш донесувам одлични одлуки, кои се покажуваат како правилни”, изјави Трамп за Њујорк пост.
Трамп, исто така, рече дека потегот со кој Израел стана првата земја што ја призна независноста на Сомалиленд засега не го убедил и дека претстојните разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху првенствено ќе се фокусираат на ситуацијата во Појасот Газа.
„Дали некој воопшто знае што е Сомалиленд?“, праша Трамп.
На прашањето за коментар за понудата на Сомалиленд до САД за пристаниште во стратешки важниот Аденски Залив, Трамп низ смеа одговори: „одлична понуда“.
Израел ја призна Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија, како „независна и суверена држава“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што Израел стана првата земја што го стори тоа.
Како што објави Инетњуз, Нетанјаху соопштил дека Израел официјално ја признава Република Сомалиленд, а неговиот кабинет објави дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишале заедничка декларација.
Министрите за надворешни работи на Сомалија, Египет, Турција и Џибути го осудија признавањето на Сомалиленд, отцепен регион на Сомалија од страна на Израел, соопштија египетски претставници.






