„Многу сме блиску до исполнување на нашите цели додека размислуваме за намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток во однос на терористичкиот режим на Иран“, напиша Трамп доцна синоќа на мрежата Трут соушл.
Тој додаде дека Ормускиот теснец „ќе мора да биде чуван и контролиран, по потреба, од други нации што го користат“.
„Доколку бидеме замолени, ќе им помогнеме на овие земји во нивните напори во врска со Ормускиот теснец, но тоа не би требало да биде потребно откако ќе се искорени иранската закана. Важно е дека тоа ќе биде лесна воена операција за нив“, напиша Трамп.
Од почетокот на американско-израелската акција и поширокиот конфликт на Блискиот Исток, повеќе од 1.300 лица се убиени во Иран, повеќе од 1.000 во Либан, 15 во Израел, а исто така се убиени и 13 припадници на американската војска во регионот. Милиони луѓе во Либан и Иран се раселени.






