недела, 15 март 2026

Трамп: Путин никогаш немаше да постапи така да бев јас на власт

Објавено на

часот

Сподели

„Добро го познавам Владимир Путин и тој никогаш за време на администрацијата на Трамп не би го направил тоа што го прави сега. Не доаѓа предвид!“, истакна Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување војници во двете одметнати републики на истокот на Украина.

Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Трамп за време на неговиот мандат со рускиот претседател Путин. Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека санкциите кои го донесе Бајденовата администрација против лица и организации блиски на Путин се слаби.

„Тие се незначителни ако се споредат со заземање некоја држава или стратегиски области. Не само што Путин го постигнува она што од секогаш го сакал туку и сè повеќе се богати благодарение на растот на цените на нафтата и гасот“, кажа Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ