Притиснат од растечкото јавно незадоволство поради високите трошоци за живот и аферата Епстин, Трамп зборуваше за тешкотиите што ги има со својата политичка база во инаку жив говор пред бизнис лидерите и функционерите од Саудиска Арабија.
Неговата поддршка падна на 38 проценти, најниска од враќањето на функцијата во јануари, според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена оваа недела.
„Мојот рејтинг во анкетите штотуку падна, но значително порасна кај паметните луѓе“, рече Трамп.
Exclusive: President Trump’s approval rating fell to 38%, the lowest since his return to power, with Americans unhappy about his handling of the cost of living and the investigation into Jeffrey Epstein, a Reuters/Ipsos poll found https://t.co/8iNFNDItLP pic.twitter.com/YXj6UTXxZE
— Reuters (@Reuters) November 18, 2025
Според него, неговиот углед паднал кај конзервативните сојузници кои не се согласуваат со неговиот став дека се потребни квалификувани странски работници за развој на клучните индустрии во земјата.
„Секогаш прифаќам малку критики од мојот народ, луѓето кои ме сакаат и луѓето кои ги сакам. Понекогаш се апсолутно во право“, рече Трамп.
Некои конзервативци ја обвинуваат имиграцијата дека им ги одзема работните места на Американците, им ги намалува платите и им ја скратува можноста да се натпреваруваат во брзорастечките индустрии. Трамп, кој и самиот е тврдокорен во однос на имиграцијата, вели дека странските работници помагаат во обуката на американски работници за работни места во тие индустрии.
„Тие се неверојатни патриоти, но не разбираат дека нашите луѓе треба да учат“, рече Трамп за своите сојузници.
Анкетите на Ројтерс/Ипсос редовно покажуваат дека поддршката на Трамп е помала кај Американците со високо образование отколку кај оние не дипломирале.
Во анкетата од оваа недела, само 33 проценти од испитаниците со високо образование ги одобруваат постапките на Трамп, во споредба со 42 проценти од оние без високо образование.






