На крајот на мандатот американските претседател мораат сета своја електронска пошта, писмата и другите работни документи да му ги предадат на Националниот архив, кој е задолжен за нивно чување.
Но, заминувајќи од Вашингтон, републиканскиот милијардер решил неколку картонски кутии да однесе во својата резиденција во Мар а Лаго на Флорида, соопшти денес Националниот архив.
Во кутиите, пренесува Вашингтон пост, биле подароци од странски лидери, писмото кое му го оставил претходникот Барак Обама и повеќе писма од Ким Џонг Ун.
Доналд Трамп, првиот американски претседател кој за време на мандатот се сретнал со член на семејството Ким, одржуваше добро позната преписка со севернокорејскиот лидер.
„Ми пишуваше убави писма, тоа се одлични писма. Се вљубивме еден во друг“, кажа американскиот претседател во септември 2028.
Кон средината на јануари Националниот архив „го организирал враќањето на 15 кутии со претседателски документи“ од резиденцијата на Трамп на Флорида во Вашингтон, се наведува во соопштението.
„Тие документи Белата куќа требала да му ги предаде на архивот на крајот на администрацијата на Трамп, во јануари 2021“, се истакнува.
Но, некои документи сепак не се предадени. Минатата недела архивот откри дека поранешниот американски претседател знаел да искине некои свои работни документи, што исто така се коси со законот од 1978 година.
Некои документи на архивот му биле предадени „залепени со селотејп“. Други биле предадени во состојбата во која биле.






