четврток, 19 март 2026

Трамп предупреди дека САД ќе го дигнат во воздух иранското гасно поле ако Техеран повторно го нападне Катар

Трамп синоќа на социјалната мрежа Трут соушл предупреди дека ќе го нападне иранското поле за природен гас Јужен Парс откако ирански ракети го погодија Катар.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Иранскиот напад беше одмазда за вчерашниот израелски напад врз Јужен Парс, индустриска зона во која се наоѓа најголемиот погон за преработка на течен природен гас во светот.

Трамп рече дека САД „не знаеле ништо“ за нападот, иако лице запознаено со ситуацијата вчера изјави дека Вашингтон бил информиран за плановите на Израел.

Трамп рече дека Катар на никаков начин не бил вмешан во израелските напади.

„За жал, Иран не го знаеше ова и неправедно и неоправдано го нападна Катар“, додаде американскиот претседател.

„Не сакам да одобрам такво ниво на насилство и уништување поради долгорочните импликации што би ги имало за иднината на Иран“, рече Трамп, но предупреди дека „нема да се двоуми да го стори тоа“ доколку полињата со течен природен гас на Катар повторно бидат цел на напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ