четврток, 11 декември 2025

Трамп: Повикани сме на состанок во Европа, ќе присуствува и Зеленски

Соединетите Американски Држави се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, Трамп го остави отворено прашањето дали САД ќе присуствуваат на состанокот и, доколку е така, на кое ниво.

Трамп во Белата куќа изјави дека телефонски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер за ситуацијата во Украина.

„Тие би сакале да одиме на состанок во текот на викендот во Европа, а ние ќе донесеме одлука во зависност од тоа што ќе јават“, рече Трамп, без да прецизира на што мисли.

На прашањето дали се очекува и украинскиот претседател да присуствува на состанокот, Трамп одговори: „Со Зеленски и нас“.

Во врска со повикот со Мерц, Макрон и Стармер, Трамп рече дека тие „разговарале за Украина со прилично остри зборови“.

Тој додаде дека имало „некои мали спорови околу луѓето“, без да образложува повеќе.

Тој го повтори својот повик за избори во Украина.

Германската влада претходно соопшти дека четворицата лидери разговарале за статусот на преговорите за прекин на огнот во Украина и дека имаат намера да продолжат со интензивната работа во наредните денови на мировниот план поддржан од САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ